Владата бара вонредна состојба

Bладата одлучи да побара веднаш да се воведе вонредна состојба на територијата на цела држава поради заканите од коронавирусот.

На денешната седница донесовме одлука да предложиме воведување вонредна состојба на територијата на нашата држава. Мерките што се донесоа досега ги дадоа очекуваните резултати, но тие мерки сега треба да се засилат, за да спречиме пик на вирусот. Убедени сме дека можеме да спречиме ескалација со воведување вонредна состојба. Владата одржа седница и донесе одлука да му предложи на Собранието да воведе вонредна состојба. Тоа е распуштено, но постои уставна одредба дека претседателот има овластување да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена. Ова ќе биде првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и ова е мерка која претставува најтешката одлука што ја донела која било влада досега.

Воведување на оваа состојба, потенцираше тој, не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикциите на слободите и движењата на граѓаните. Доколку дојде до рестрикции и мерки, тие одлуки ќе се носат на дневно ниво, а граѓаните како и досега редовно ќе бидат информирани.

Вонредната состојба само ѝ дава можност на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните, за заштита, за одбрана на нашето општество и на крајот на нашата економија. Само со вонредна состојбата Владата ќе може да дејствува непречено во борбата против вирусот. Само со вонредна состојбата владата ќе може да спроведуваат мерки за спас на економијата и за помош на погодените граѓани. Се создаваат услови сите што учествуваат во борбата, а тоа се здравствените работници, припадниците на МВР на Армијата, службениците, институциите, Владата, работниците во производството, успешно да ги остваруваат нивните професионални задачи во справување со оваа хуманитарна криза.

Тој апелираше сите сериозно да ја сфатат состојбата и доследно да ги почитуваат препораките, зашто секој е значаен фактор во борбата против оваа хуманитарна криза.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русија исфрлена од Евровизија

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето…