Владата ги укина ПЦР тестовите за граѓаните од соседните земји

Oд наредниот понеделник се отварат границите во регионот. Граѓаните од Србија, Косово, Црна Гора и Босна ќе можат да влезат во Северна Македонија без негативен ПЦР тест. Во овие земји без тест ќе можат да патуваат и македонксите граѓани.

Веста на неговиот фејсбук профил ја објави премиерот Зоран Заев, по денешната седница на владата, која го прифати предлогот од Комисијата за заразни болести за укинување на ПЦР тестовите за граѓаните од четири балкански земји.

„Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од ковид-19“, напиша премиерот Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кој е личниот лекар на Трамп!

Уште кога беше соопштено дека американскиот претседател Доналд Трамп има Ковид-19, неговиот личен лекар Шон Конли стана центар…