Владата ја разреши директорката Лидија Димова

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е разрешена од функцијата.

Владата соопшти дека предлогот за разрешување е доставен до Управниот одбор на Агенцијата, а причина за нејзиното разрешување е поради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

„Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност“,  соопшти Владата.

Total
0
Shares
Поврзани објави