Владата ќе награди здравствени работници што се грижат за пациентите со корона

Владата соопшти дека ќе издвои околу 900 илјади евра за награда на сите здравствени работници што се грижат за пациентите заболени од Ковид 19.

Парите се обезбедени во ребаланосот на буџетот, а награди се очекува да добијат вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.

„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи, соопшти Министерството за здравство.

Предлог ребаланс на буџетот треба да се усвои од Собранието и со него се предвидени пари и за четвртиот сет мерки. 

Total
0
Shares
Поврзани објави