Владата не сака нов договор со Бугарија

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, вели дека Договорот од 2017 година е добра основа за изнаоѓање решенија за спорот со Бугарија.

„Нашиот став е дека нема потреба од нов договор и од анекс на договорот“, смета Арсовски.

Во текот на денот премиерот Зоран Заев ќе има телефонски разговор со канцеларката Ангела Меркел.

„Благодарни сме што претседавачот со ЕУ на ваков начин се залага за исполнување на заедничката цел, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција со што се означува почетокот на преговорите до крајот на годината. Ова е сигнал за целиот регион дека со тоа се задржува кредибилитетот на ЕУ што е интерес на сите“. исткна Арсовски.

Тој одби да изнесе детали од средбите на работните групи на двете страни додавајќи дека секој нов состанок води кон зајакнување на довербата и кон приближување на позициите.

Total
0
Shares
Поврзани објави