Владата одбри продолжен престој во училиштата

Владата денеска одобри продолжен престој на ученици во основните училишта и почнување со работа на дневните центри за лица со попреченост.

Се препорачува продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Усвоен е извештајот за изведување настава со физичко присуство, а донесени се и протоколи за работа на игротеките.

Освен тоа, ќе почнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа во услови на епидемија со ковид-19.

Донесен е и протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со ковид-19, а за неговата примена одговарат вршителите на дејноста.

Total
0
Shares
Поврзани објави