Владата одлучи да ги отвори градинките од следната недела

Владата денеска одлучи да ги отвори детски градинки од девети септември, а до тогаш градинките се должни да се подготват за работа.

Владата им препорачува на општините кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца.

Освен тоа општините треба да обезбедат и потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави