Власта заговара избор на директори на конкурс, а своите ги бира по политички клуч

Во време кога партиите на власт прават договори за поделба на директорските места, а медиумите ги објавија имињата на луѓето што ќе раководат со најбитните фондови и институции од третиот ешалон, вицепремиерот Љупчо Николовски најавува нов модел за избор на директори преку јавни конкурси.

Николовски вели дека новиот модел на избор на директорите на јавните институции, кој сеуште нема законска основа, е добра можност за вклучување на лица со капацитет во институциите.

Тој смета дека не може да се прават никакви промени во рок од неколку недели, месеци или години, за практики што се изградени од три децении.

Тим на експерти ќе ја анализираат работата на институциите и службениците и ќе предложат конкретни законски или системски промени за постепено искоренување на злоупотребите, потеклото на имотот, дискреционите права, партизацијата на институциите и корупцијата.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев денеска најави дека постапката за именување директори ќе се одвива во првата полвина од месец октомври, што значи дека директорите нема да се избират на јавни конкурси.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Катица си оди дома

Телма дознава дека Катица Јанева ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје. Апелациониот суд…