Влатко Стефановски излезе во одбрана на Универзална

Македонскиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски се огласи во одбрана на Универзална сала. Преку Инстаграм, тој упати јасна и недвосмислена порака за реновивање на постојниот објект и ништо друго.

„Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Меккојтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго не“, напиша Стефановски на Инстаграм.

Реакцијата на Стефановски доаѓа по веста дека Град Скопје објави анкетен конкурс за идејно решение за проект за парк и отворена летна сцена на локацијата на која се наоѓа Универзална сала во моментот. Јавноста веднаш препозна намера за уривање на еден од белезите на градот што наиде на незадоволство, осуда и критика на адреса на градската власт.

Total
0
Shares
Поврзани објави