ВМРО-ДПМНЕ бара да не се поскапи струјата од септември

Регулаторната комисија да ја преиспита најавената одлука за зголемување на цената на струја од септември, бидејќи не смее да се дозволи граѓаните да ја плаќаат загубите на државните компании предизвикани од лошо менаџирање,  бара ВМРО-ДПМНЕ.

Стевче Антовски на денешната прес конференција рече дека поскапувањето е резултат на загубите од неоговорно стопанисување на ЕЛЕМ и МЕПСО, но и сомнителните тендери кои биле делени во РЕК Битола.

– Регулаторната комисија за енергетика пред да ја поскапи струјата да има предвид дека граѓаните се најпогодени од корона кризата и наместо псокапа струја да направи добра анализа за менаџирањето во сите енергетски претпријатија. Граѓаните не се должни да плаќаат поскапа струја за да можат Зоран Заев и Вице Заев да делат тендери во РЕК Битола и да вработуваат партиски војници во АД ЕЛЕМ и МЕПСО. И наместо Регулаторот да ги оправдува трошоците на компаниите, потребно е да им наложи на нивните раководни структури да направат подлабоки резови и оптимализација на  работењето во услови на ваква криза – рече  Антовски.

Тој апелираше  да запре недомаќинскиот однос на СДСМ со државните претпријатија и имотот на граѓаните.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави