ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за здравство Венко Филипче затоа што потфрлил во справувањето со панемијата на корона вирусот.

„Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат дека есенскиот бран Филипче го фатил целосно неспремен иако самиот тврдел дека на есен вирусот ќе биде појак, а ништо не преземал.

„Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично“, тврди опозицијата.

Според нив, сѐ што направил Филипче е да ги обвини граѓаните за влошување на состојбата.

Total
0
Shares
Поврзани објави