ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Заев оти не добоивме датум за преговори со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од премиерот Зоран Заев откако вчера Бугарија стави вето за почеток на прегоровите на Севрна Македонија со ЕУ.

Од таму велат дека Заев не е способен да си го исполни своето ветување дека ќе си замине ако нема успеј на планот на планот на европски интеграции.
„Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните“, истакнуваат од партијата.

Тие сметаат дека државава тоне во тешка политичка и економска и здравствена криза, а отспаките на Заев завршија со ново фијаско.

„Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев вчера на гостувањето во ТВ21 рече дека дијалогот со Бугарија продолжува, со надеж да се најде решение за почеток на меѓувладината конференција во декември.

Total
0
Shares
Поврзани објави