ВМРО-ДПМНЕ предупреди, може да не гласа за пописот

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема да го поддржи оддржувањето на пописот во април следната година ако власта не го консултира. Тие бараат пописот да биде статистичка, а не политичка операција, со почитување на европските критериуми за попис пропишани од ЕУРОСТАТ.

„Таков попис кој би отстапувал од утврдените критериуми спроведувани од напредните европски земји, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Владата го испрати до Собранието предлог законот за попис, којшто треба да влезе во собраниска процедура.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека Северна Македонија е единствена земја во Европа каде нема одржан попис 18 години.

„Ние мислиме дека изградивме еден систем во кој нема да има Државна пописна комисија, туку целиот процес ќе се одвива преку Заводот за статистика“, изјави Маричиќ.

Тој верува дека преку амандмани ќе се обидат да ги корегираат роковите за да може пописот да се спроведе во април 2021 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави