Во авион од Доха за Атина 12 позитивни случаи на Ковид-19, во карантин 91 патник

Дванаесет патници од вкупну 91 се позитивни на Ковид-19 во авион на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина. По ова Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.

Според протоколот што се применува во Грција, сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, што воедно е единствениот отворен за меѓународни летови, се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин.

Оние кои што се позитивни, остануваат 14 дена, додека пак за оние кои што се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една седмица во карантин, по што се повторува тестот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Мирослав Лазански

Српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански почина ненадејно на 71-годишна возраст од срцев удар. Лазански…