Од 19 март до денес, 13 април, во Центарот за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување (брисеви) од вкупно 180 лица за COVID-19, информираат од оваа здравствена установа Кај 144 лица се земени по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за COVID-19 и др.), а кај 36 лица материјалите се со упатување од матичен лекар преку системот Мој термин.Од вкупниот број на земени брисеви, 156 се за лица со место на живеење во Битола, а 24 од Кичево, Ресен и Демир Хисар.Позитивни резултати за COVID-19 се добиени за 9 лица и тоа сите од Битола. Станува збор за лица на возраст од 5 до 85 годишна возраст, 3 лица од женски пол и 6 лица од машки пол.Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само едно лице е хоспитализирано на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека 8 се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста.
Поврзани објави
Ниту еден канидат не е избран за обвинител во обвинителството за гонење организиран криминал
На денешната седница на Советот на јавните обвинители не беше избран ниту еден од шестмината пријавени обвинители во…
И други лица од земјава ќе се најдат на американската црна листа, најави Агелер
– Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на…
Градежен работник почина на градилиште во Радишани
Вчера од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(63) од Богданци, кој бил…
Ѓоргиев: Препораките на комисијата не ги допираат идентитетските прашања
Препораките за заедничко одбележување на историски личности не ги допираат идентитеските прашања, треба да се разграничуваат сегашните и…