Во болницата во Кoзле се хоспитализирани шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19

Во последниот извештај на Министерството за здравство за развојот на епидемијата на Ковид-19 во Македонија се наведува дека во последните 24 часа на Инфективната клиника се примени седум пациенти. Со тоа, вкупниот број на хоспитализирани се искачи на 100 пациенти.

На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, како и едно дете и две мајки сомнителни за вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. На респиратор се двајца од нив.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани вкупно 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави