Во Гевгелија издадени казни од по 1.000 евра за 15 лица

Основното јавно обвинителство во Гевгелија на ден 4 јуни постапуваше по најновите предмети на прекршување на полицискиот час од страна на граѓани на теритријата на општата надлежност на Обвинителството, а тоа се општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово. За сите прекршители се постапуваше, но изречената мерка е иста.

Во четвртокот, минатата недела, ЈО Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети во одделни настани, за време на полицискиот час биле затекнати како се движат пеш, со велосипеди или возила низ градот. Со преземените дејствија тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност, или вкупна вредност на глоба од 61.500,- денари (1.000,- EUR) .

Заклучно до денеска Јавното обвинителство во Гевгелија има постапено по 16 кривични предмети за прекршување на полицискиот час и мерката „забрането движење заради спречување на ширењето на коронавирусот“ кои се однесуваа на вкупно 121 лице. Изречени се глоби во вкупна вредност од 123.000,- евра. Дел од казните во март се по 2.000 евра поединечно по сторител, а подоцна сите казни се одмерени на по 1.000 евра во денарска противредност по сторител. Само две пресуди се условни, за двајца постари прекршители на 73 и 76 годишна возраст.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави