Во Козле тестирани 150 деца, само 6 позитивни на ковид-19

На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле тестирани се над 150 пациенти кои биле хоспитализирани , а само 6 деца биле со позитивен наод, вели вели специјалист педијатар и директор Ангелчо Андоновски.

Според него, во моментов нема хоспитаизирано ниту едно дете заболено со ковид 19.

Науката секаде покажала резултати и дала објаснување исто е и во овој случај само што навистина сме исправени пред една голема непознаница за која допрва ќе се пишуваат и изработуваат научни студии се со цел овој пат пак повторно да се спаси човековото опстојување.СЗО и епидемиолозите ширум целиот свет заедно со сите свои колеги кои се вклучени во целокупната борба која што се случува во овој момент не само кај нас туку низ целиот свет покажаа и докажаа дека кривата постојано до произлегувањето на новиот лек или вакцина ќе имаат бранова осцилација. Република Северна Македонија со сигурност не одстапува од државите како во регионот така и ширум Европа и светот, за сите кои беа зафатени со оваа проблематика со овој вирус им беше јасно што следува токму после толку празници и после толкаво не почитување на правилата и прописите дадени само да се заштити како државата , здравствените работници и самиот народ- вели првиот човек на Институтот.

Според него сликата и епидемиолошката крива е очекувана.

инфо: 24info

Total
0
Shares
Поврзани објави