Во Македонија за две години никнале над 866 дивоградби

Законот за легализација на дивоградбите не го реши проблемот со безправно изградените објекти во Северна Македонија. Заводот за статистика тврди дека само минатата година имало над 866 дивоградби низ целата држава. Најголем број се регистрирани во Скопје и тоа 153, потоа следат Кавадарци со 85, Струмица 73 и Штип 64, Охрид 59 и Струга 46.

Дивоградби има скоро во сите општини во земјава, додека 98,4% од нив се изградени на приватни имоти, а 10 проценти на државно земјиште.

Поради зголемувањето на бројот на дивоградби во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов побара од Владата да им се преземат надлежностите на скопските општински во областа на градежните инспекторати.

Министерството за транспорт и врски потенцира дека ќе продолжат да дејствуваат во согласност со позитивните правни норми. Тие најавуваат дека ќе ги зајакнат инспекциските тела и нивните капацитети.

За да можат граѓаните да ги легализираат дивоградбите и да го решат овој проблем засекогаш, законот за легализација беше изменет двапати. Првично во 2017 година,а потоа и во 2018 година. Овој закон траеше до 30 јуни 2018 година. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави