Во сообраќајки загинаа две момчиња

Зголемената раздвиженост на возила по патиштата го зголеми и бројот на сообраќајни несреќи во кои има и човечки жртви. Исклучок од црната статистика на патиштата низ земјава не се ни младите. Две момчиња загинаа во несреќи синоќа. Во едната 16-годишник возејќи мотоцикл живото го загуби при судир со автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Во друга пак во сообраќајна несреќа загина 22 годишник во кратовско.

Причините за трагичните сообраќајни несреќи, универзитетскиот професор Борис Мургоски ги наоѓа во непочитувањето на сообраќајните правила, како и лошата и небезбедна патна инфраструктура.

Најизложени на ризик по животот се моторциклистите, особено тие што не носат заштитна опрема. Како и секое лето, проблем особено во Скопје се и дивите трки.. Полицијата синоќа повторно органзиираше акција, во која казнила 24 моторџии, а одзеле и еден мотор.

Измените на Законот за безбедност во сообраќајот со кои меѓудругото МВР предлага построги санкции токму за мотоциклистите остана заглавен во собраниската процедура.. Се очекува да се најде на дневен ред многу скоро по конситуирањето на новото собрание, закажано за во вторник. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави