Во страотната собраќајка на автопатот Белград -Ниш загинаа двајца македонски државјани

Според последните информации од српските медиуми во сообраќајката кај Јагодина во Србија во која загина седумина двајца се македонски државјани. Медиумите соопштуваат идентитет на двајца од другите загинати. Известуваат за име на судијка на Апелациониот суд во Крагуевац и нејзиниот сопруг кој бил адвокат. Освен македонските државјани сите загинати се српски дражавјани.
Според полициијата на самото место биле повредени 35 до 40 луѓе , а оштетени се повеќе од 40 возила од кои неколку целосно уништени. Сообраќајката се случи поради густа магла и слаба видливост на патот.

ДОПОЛНУВАЊЕ :

Пред малку стигна информација за идентитетот на загинатите македонски државјани. Се работи за Бурим Д. и Љуљдим Р. (1981) година.
фото : Tanjug

Total
0
Shares
Поврзани објави