БОКИ 13: Ме изиграа затоа што и на власта и на опoзицијата им сметаше СЈО – торбата Луј Витон е кај Камчев

Пет часа Бојан Јовановски пред судот изнесуваше свои сознанија и тврдења за случајот Рекет во кој е обвинет заедно со специјалната обвинителка Катица Јанева. Бојан е дециден дека тоа е политички монтиран процес за рушење на СЈО за да се спаси Камчев кој во случајот е прикажан како жртва, а и да се задоволи обвинителката Рускоска која според Јовановски била разочарана од популарноста и успешноста на Катица Јанева. Сепак Јовановски изнесе сериозни тврдења дека и екс премиерот Зоран Заев бил дел од шемата за која тој дознал токму од него и случај кој се конструирал сам го пријавил кај министерот на МВР Спасовски. Но наместо да се гонат креаторите на мамката во која паднале со Катица , тој станува како што вели жртва.

И Зоран Заев сакаше да го снема СЈО. Камчев, Заев и Милевски го смислија ова обвинение. Јас сум слушал разговори со Заев и за изборите во Охрид. Камчев тргуваше и со Мицковски. А кажаа дека Јово ги пуштил. Милески ми кажа дека тоа е договорено и подмирено. Оваа операција му одговара на Камчев. Милевски плачеше во затворот и која е спрегата да оди кај Вилма се да каже? За Милевски гарантирам појма нема за што е осуден, но има можност да тргува со властите. Тврдам бидејки приватно го знам. Беа моите кај мене во затворот и ми кажаа дека Милевски се договорил се со Вилма за што потврдил и командир во затворот.

…………………………………………………………………………….

Јас го споив Луковски со Заев и од разговорите се гледаат дејанија кои се за пријавување. По опомена на судот дека Бојан можело да пријави тој кажа Мене никој не ме сака а барав да пријавам.

Го знаеме Боки секаде должи и го тепаа кажа Вилма на радио јас ја слушав и таа така зборува за насилство, но не превзела ништо. А за парите вели дека Бојан има џипови на лизинг. Каде се доказите дека сум трошел пари од Камчев каде се доказите?

За сликата на Катица ја отфрлам како неточно направена е случајно иако таа ме тужи. За намештајот средуваа дома и им помогнав. Вилма кажа дека уште во Јануари комуницирала со Камчев. Тој ми кажа дека е со Стерјо Зиков договорен кој е близок со Вилма. Со овој случај се тргуваше или ќе дадеш оставка или ќе ти се случи ова.

На 3.април беше гостин во емисија Зоран Заев а потоа беше во мојата канцеларија и ми кажа дека странски служби не следеле со Катица и дека состојбата е многу сериозна. Со Заев се знам одамна но никогаш 1тв не беше провладина. Странски обвинител има подготвено постапка. Продолжив да се гледам со Заев и со Спасовски кај кој јас прв пријавив дека Камчев ме снимал и тоа во кабинетот на министерот. Затоа беа повикани Шеќеренска и Филипче оти 8септември камчев сакаше да ја приватизира.Случајот го пријавува Камчев и Радивоје од Бугарија кој го учи како и го носат во кабинетот на Заев. Гардеробата е доказ за перење пари? Па јас ја имам од 2012 ! На крај го прашувам судот кој ќе го заштити мојот физички интегритет поради тоа што очекувам тортура малтретирање?

За дружбата со Катица Јанева Бојан појасни

Катица ја запознав на мое барање. Бев разговаравме за емисијата Лица но ме одби. Дознав дека Лазар синот нема работа . Тој дојде. Катица беше либерална. Со неа сум зборувал и за моите љубовни стории но таа ме слушаше и немаше проблем со мојата сексуална определба. Ме викаа Боки педер па и екс премиерот ме нарече педер. Овој предмет е за уништување на СЈО оти сметаше на сите, а требало да се спаси Камчев. Да го вештачеа мојот мобилен ќе ги имаа сите докази. За да имам реално влијание требало да сум некој и нешто. Вилма еднаш ми рече. Обавезно пушти новинар овој ми е одвратен. Кој? Екс претседателот на Судски совет. Вилма имаше личен анимузитет кон Катица. Обвинителниот акт е само една рекла казала.

За уцената тврди

Откако Заев ми кажа дека странски обвинител води предмет против мене сега сфаќам дека било лага, но факт е дека во земјава  се води шпиунажа а ОЈО, по сега допрен глас да покрене истрага против Камчеви, Кичеец, Саздова и други кои организираа група со странски државјани кои ме следеле и ме наместија. Најголема цел во овој случај сепак беше трудољубивоста на Јанева, која со СЈО имаа голема доверба кај народот и пречеа поради тоа. За Камчев е се исто кој е на власт, и на Мицкоски му ги нудеше снимките, кои беа монтирани и лоши, а кои воопшто не се вештачени. Со тие снимки бев уценуван и бараа да ја продадам телевизијата на едно лице. И  Јанева беше уценуцана да се повлече само за да се спаси Камчев. Таа лично ми кажа дека никогаш нема да прифати такво нешто. Така завршија снимките кај опозицијата, па излегоа и во италијански медиуми, а обвинителството не се ни потруди да открие како стигнале. Па и новите снимки од Јутјуб, кои баравме да се земат како доказ, а на кои се слуша Камчев дека Јово ги ослободил, па сум бил во сексуална врска со Кичеец, па крв до коленици ќе има.

За видеата со парите Бојан ќе каже:

Груба монтажа на видео материјали. Доага кај мене ме носи кај Орце. Милевски ја носи и оперира со торбата. Околу 11 дојде кај мене дома па замина и рече ќе ме носи кај Орце. Потоа со неговата кола ме однесе кај Орце во една просторија они разговараа нешто и дојдоа и Милевски ја зема торбата и заминавме. Не разговаравме за ништо за таа торба. Торбата беше затворена јас не сум бил на броење, а Милевски со леснотија ја носеше. Ме остави и си замина сосе торбата. Во ниеден момент јас немам никаков допир со таа торба. Јас знам дека истата торбата ја врати на Орце што е снимено од камерите кај него дома.

За торбата и тврдењата на Бојан обвинителската Рускоска изјави:

https://www.facebook.com/dosie.mk/videos/675192163271106/

На крајот Бојан Јовановски порача иако напомена дека можеби ќе му се смеат дека тој ќе биде следниот лидер на оваа држава.

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави