Возач на автобус почина на превојот Стража

Вчерaечер ( 7 мај ) околу 22 часот и 15 минути, во Полициската станица Гостивар пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот„Стража“, починал 37-годишниот Г.Д. од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици.

Откако со автобусот запрел  за пауза на „Стража“, на Г.Д. наеднаш му се слошило и паднал во безсознание, така што лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.

Total
0
Shares
Поврзани објави