Возачот на комбито со кое дојде заразената скопјанка под сомнеж за корона вирус!

Министерот Венко Филишче пред малку соопшти дека возачот на комбито со кое дојде скопјанката која е позитивна на корона вирус е во болница. Според министерот тој се пожалил на болки во плуќата и сам пријавил дека не се чувствува добро. Сам се пријавил откако од медиумите дознал за патничката која е болна. Бил дома изолиран немал контакти со семејството.

Во мометот е во болницата во Струмица до моментот додека стигнат резултатите. Доколку е позитивен ќе биде донесен во Скопје , ако има негативен резултат ќе остане во Струмица.

Владата ги забрани карневалите во Струмица и Прилеп и даде препорака сите јавни собири да се редуцираат или одложат. Исто така ќе бидат направени контроли на аптеките и ќе бидат казнети оние кои ги покачиле цените на маските и другите средства за заштита.

Total
0
Shares
Поврзани објави