Вработен во министерство за Правда еден од силувачите на 13 годишното девојче кое било со пречки во развојот

Обвинителството по краткотрајниот притвор за утврдување идентитет предложи а судија одобри 30 дена притвор за тројца осомничени за силување 13 годишно девојче во гостиварско. Нивниот идентитет е утвреден. Станува збор за 62-годишен маж А.М., 58 годишен Н.Е. и три години помладиот Б.М.
Според извори од истрагата еден од тројцата е матичар во Министерството за правда во Гостивар и заедно со уште две лица против кои се уште се трага ја искористиле малолетничка со ментална заостанатост. Дека девојчето е силувано потврди полцијата и по направена експертиза на судската медицина.

foto net

Total
0
Shares
Поврзани објави