Вработените во јавниот сектор ќе мора да се пензионираат на 64 години

По Нова година во земјава ќе има нови 10.000 пензионери. Со најавени измени во законот, од 01 01 во пензија ќе мора да се оди на 64 години односно 62 за жени. Пролонгирање на работнот стаж ќе има само за оние струки кои се дефицитарни како здравствени работници и универзитетски професори.

Прмеиерот Заев на првиот работен ден од новиот мандат на средба со бизнисмените вели дека со ова ќе се отвори простор за  вработување млади кадри.

Приватниот сектор ќе може и натаму да се потпира на искусните кадри, но само ако ги ангажираат како советници со договори. Бизнисот ќе треба да преземе и дел од административците кои со најавената реформа ќе преминат кај приватниците. Сепак, од коморите велат дека за нив не може да важат правила како во јавниот сектор во однос на квотите за различни етнички групи.

Пред бизнсмените Заев најави дека во овој мандат економијата ќе биде во фокусот на Владата. Вети дека даноците нема да растат, а даночниите измени ќе бидат најавувани навреме. Владата заедно со коморите ќе бара решенија за надминување на последиците од кризата.

Total
0
Shares
Поврзани објави