Вреќи со шест мртви кучиња пронајдени во Куманово

Членови на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска во кумановската полиција пријавиле дека во поранешната касарна во населбата „Карпош“ има вреќи со мртви кучиња.

Од СВР Куманово информираат дека нивна екипа е испратена на терен и оти се уште трае увидот.

Од Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово велат дека веќе биле на местото на настанот и оти има шест мртви кучиња.

– За настанот е информираа и Агенцијата за храна и ветеринарство, изјави Гордан Таневски од Секторот за инспекциски надзор.

Total
0
Shares
Поврзани објави