Врховен суд ја заостри казната за возачот што усмрти студентката кај Универзална

Врховниот суд ја уважи жалбата на Обвинителството во случајот со сообраќајната несреќата во која што пред пет години загина младата Форсина Цековска.

Од судот соопштуваат дека донеле одлука да ја отфрлат жалбата на обвинетиот како неоснована, а да ја уважат жалбата на Обвинителство во делот на кривичната санкција.

Со ова Врховниот суд ја преиначи пресудата на Апелациониот суд Скопје и обвинетиот го осуди на казна затвор во траење од 4 години, додека во останатиот дел второстепената пресуда ја потврди.

Претходно, Апелационот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од б категорија во траење од една година.

Несреќата се случи на трети април 2015 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило „хонда прелуде“, под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот дваесетгодишната девојка се здобила со тешки телесни повреди и почина на лице место. Несреќата и судскиот процес кој што следеше постојано беше во фокусот на вниманието.

Total
0
Shares
Поврзани објави