Врие во Агенцијата за Нaционална Безбедност, можен бунт – Директорот молчи

Големо незадоволство владее со досегапшниот начин на избор на новите кадри кои ќе работат во новоформираната Агенција за Национална Безбедност (АНБ), а можен е бунт и оставки на досега примените кадри од албанска националност, пишува весникот КОХА, повикувајки се на свои анонимни извори.
Според весникот, се елиминираат професионални кадри со 15-20 годишно искуство во УБК, и тоа со образложенија кои не ги поредвидува законот, а се примаат лица кои не ги исполнуваат ни законските критериуми.
За началник на АНБ во Прилеп, е назначен човек против кого се покренати 5 кривични пријави. Истиот е именуван на новата функција незаконски, пред да биде примен на работа од страна на комисијата која ги разгледува апликациите на кандидатите, пишува весникот КОХА.
Во групата на новите вработени во АНБ има и луѓе кои беа уапсени под сомнение дека беа поврзани со аферата Шпион. АНБ во своите редови ги прими и поранешните вработени во УБК кои раководеа со случајот Сопот, каде по 15 години лежење затвор, се испостави дека уапсените не биле виновни. Меѓу другото, поради нивната непрофесионална работа, државата им исплати обештетување на жртвите во вредност од 1.2 милиони евра, информира весникот КОХА, кој потсетува дека наместо да се наградат со ново вработување, досега кон истите требаше да се поведе истрага за одговорност од Државниот правобранител за штетата што ја предизвикаа со нивното несовесни непрофесионално работење. Ова не е се, според извори на КОХА, спротивно на законот а и на препораките на експертите од НАТО, Комисијата при АНБ се уште не ги одбила апликациите на лицата со двојно државјанство, повеќето од нив поранешни вработени во УБК од Пустец, кои биле ангажирани претежно за следење на комуникациите на осомничени албанци.
За разлика од овие кадри, албанските кои работат повеќе од 17г во УБК, биле одбиени со банални образложенија, само поради фактот што тие ги исполнуваат потребните критериуми за раководни позиции во АНБ. Како резултат на ваквото досегашно работење на АНБ, нема да биде испочитуван ни делот на Охридскиот Договор кој ја регулира пропорционалната застапеност, пишува КОХА. Поради сите овие скандали, весникот дознава дека е алармирана и партијата на Ахмети, ДУИ, која е во постојана комуникација со СДСМ со цел да не дојде до ескалација ситуацијата во АНБ, со која раководи Виктор Димовски. Весникот информира дека за сите овие наводи, побарал и став од директорот на АНБ, но тој досега решил да молчи.

извор Koha.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави