Врие во затворот во Штип, затворениците обвинуваат за тортура по смртта на затвореник

Затвореници од затворот во Штип најавуваат штрајк поради смртта на затвореник. Тврдат дека во затворот владее тортура и дека им се скратени поволности , посети и пакети. Бараат одговорност од директорот, за што испратија писмо до надлежните.

Револтот на затворениците е поради смртта на затвореникот Киро А. Пред неколку дена Киро А. од Кочани, затвореник во затворот Штип, се пожаил на болки во градите по што заминал кај затворскиот доктор но, според докторот немал болест или повреди туку болките биле поради нередовно движење и немање физички активности. При прошетка во затворскиот двор затвореникот Киро А. од Кочани – починал на лице место.

Во затворот стасале роднините на починатиот побарале средба со директорот на затворот Мики Тодоров но тој ги упатил да се обратат до здравствените државни институции за информации така што ни најблиските на починатиот немаат никакви информации за причините и околноста за смртта на својот близок кој, во затворот, е одговорност на државата.

Поради ред инциденти лани триесет затвореници во штипскиот затвор веќе еднаш штрајкуваа заради тортура.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Dosie дознава: Починал затвореник во Идризово, според протоколите се проверува дали е задразен од Ковид 19

Во најголемиот затвор во државава Идризово вчера починал затвореник од полуотвореното одделение. Според протоколите неговото безживотно тело го…