Втор пратеник заразен со Ковид-19

Уште еден пратеник заразен со корона вирусот. Лазе Таневски од СДСМ преку социјални мрежи соопшти дека направил тест заради неодложно патување, меѓутоа резултирал позитивен.

„Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја“, напиша на неговиот фејсбук профил Таневски.

Тој воедно упати апел до сите граѓани и да бидат внимателни затоа што вирусот претставува сериозна опасност.

Total
0
Shares
Поврзани објави