Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19

Само неколку дена по отворањето, регистриран првиот случај на Ковид-19 и во струмичка градинка. Се работи за дете од 5 години кое градинката ја посетувало само три дена.

Од понеделникот детето е задржано дома, а родителите ја известиле управата дека во семејството имаат инфициран од корона вирусот. Во меѓувреме направиле тест на детето, a денеска информирале  дека тој е позитивен.

Директорот на градинката Детска Радост, Васил Бубев го потврди случајот. Информираше дека согласно протоколите и препораките на епидемиологот 11 деца од групата што ја посетувало детето, но и три лица од вработените веќе  се изолирани. Во меѓувреме се превземаат сите мерки согласно пропишаните протоколи. 

Зголемениот број на новозаразени кои во последните денови беа регистрирани во Струмица беше причина и за координација помеѓу сите надлежни институции од регионот. Главниот заклучок е дека мора да се преземаат казнени и репресивни мерки со цел спречување на понатамошното ширење на вирусот.

Во последното деноноќие во центарот за јавно здравје Струмица се регистрирани 12 нови случаи позитивни на корона вирус. Со нив вкупната бројката на заразени на овој дел од државата се искачи на 142 случаи. Од нив 77 се активни.

Total
0
Shares
Поврзани објави