За неплаќање на платите на работниците ќе одговарат директорите на фирмите

До Јавното обвинителство денеска стигна владиното барање за кривичен прогон на фирмите кои зедоа државна помош, а не им ги исплатија платите на, потврдиле за Фактор од Јавното обвинителство.  Барањето го поднел Генералниот секретаријат на Владата, чии прв човек е драги Рашковски.

Од одговорот се вели дека за тоа дело ќе одговараат директорите на компаниите неплаќачи на плати кон работниците. 

„До Основното јавно обвинителство Скопје денеска беше доставено Барањето за кривичен прогон во врска со финансиската поддршка реализирана преку владината програма за поддршка за работодавачите погодени од здравствената и економската криза. Барањето е поднесено од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ“, велат од Јавното обвинителство. 

Веднаш по приемот и извршената анализа, Основното јавно обвинителство Скопје го препратило предметот на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Ова од причина што во предметот пријавени се одговорни лица во правни лица кои имаат седишта во повеќе градови во територијата на РСМ, а нивните дејствија се преземени на штета на Буџетот на РСМ, јавните фондови или други средства на државата“,тврдат од ЈО. 

А според последните податоцио што ги објави Владата, за ова дело треба да одговараат 287 компании. 

Односно, списокот до петокот минатата недела се сведе на 344 компании, од првичниот кој броеше 708 фирми, но на крајот, според владиниот список објавен на нејзината веб страница, тој се намали до 287 компании, без да биде јасно како тоа се случи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави