За патување со брод во Грција ќе треба посебен форулар

За патување со брод во Грција задолжително е да се пополни специјален формулар , а потврдата може да биде или во електронска или во печатена верзија.

За Грците и за туристите кои патуваат на островите, задолжително е, 24 часа пред тргнувањето да имаат пополнето специјална здравствена изјава. За нив задолжителен е или сертификат за вакцинација или негативен резултат од направен тест кој може да биде или ПЦР или селф или рапид тест. Тие податоци се внесуваа во формуларот. Конкретниот формулар е задолжителен за сите полнолетни лица, достапен е во електронска верзија преку специјаниот сајт https://sea.travel.gov.gr/#/, а при влезот во траектот патниците треба да го имаат специјалниот код што ќе го добијат на мејл по пополнувањет на прашалникот.

Патниците  треба да одговорат десет прашања поврзани со коронавирусот. Како што јавува МИА, првите седум прашања се однесуваат на тоа дали патникот во изминатите 14 дена имал некој од симптомите поврзани со коронавирусот, дали имал контакт со заразен, дали се грижел или бил во ист простор или патувал со лице позитивно и слично. Грција со дронови ќе следи дали се почитуваат протоколите на плажа. Туристичката сезона во Грција започна во средината на мај. Но, има строги правила кои мора да се почитуваат. 

Total
0
Shares
Поврзани објави