За три месеци ќе има модел за прочистување на судството

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ најави дека во првите 100 дена од мандатот ќе биде утврден модел за ефикасно и објективно прочистување на судството.

Маричиќ смета дека важно е сите ниво на судската и обвинителската власт, Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Здружението на судии и на обвинители, коишто можат да придонесат во општиот впечаток.

„Најважно ќе биде утврдување на имотната состојба и потеклото на имотот на секој обвинител преку ДКСК и анализа на случаите – 5% по случаен избор, но и на случаите кои застариле, по која основа застариле, дали можеби има намерно непостапување на судиите или на обвинителите и тоа ќе биде првиот филтер“, вели Маричиќ во интервју за 360 степени.

Според него, главната цел е да течат случаите брзо, ефикасно, со определена динамика која ќе си ја определат судиите, но да нема тактизирање, како што немаше со брзината на случајот „Рекет“, на случајот со Владимир Панчевски.

„Да нема тактизирање со ниту еден друг случај и работите да се расчистуваат брзо и ефикасно, секако согласно законот“, дадоа тој. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави