Заболени од корона се сместуваат и во други болници

Mинистерот за здравство Венко Филипче најави брзо ставење во функција на системот за надополнување на медицинскиот персонал онаму каде недостасува.

„Практично надополнувањето на кадарот ќе може веднаш да се почувствува“,вели Филипче.

Тој соопшти дека веќе почнало сместување на заболени со ковид и во други болници, освен Инфективната клиника, а од следната недела тие ќе можат да се сместат и во болницата „8 ми Септември“.

„Денеска се работеше во Институтот за белодробни заболувања, пациентите се сместија во белодробната болница во Јасеново и дел на Клиниката за пулмологија. Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пацинетите понатаму, планот е во делот интерните одделенија“,рече Филипче. 

Total
0
Shares
Поврзани објави