Заев чека да се доконституира Собранието, па ќе предложи нова влада

Предлогот за нова влада ќе биде доставен до Собранието откако ќе бидат избрани потпретседателите на парламентот, изјави за ТВ21 мандатарот Зоран Заев.

– Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парламентот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот – рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави