Заев: Да не постоше Гоце Делчев ќе требаше да се измисли

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека да го немаше Гоце Делчев, требаше да се измисли за да послужи како мост за зближување меѓу бугарскиот и македонскиот народ.

Заев верува дека нема план Б, туку опција е само план А, со трпение, меѓусебно почитување и разбирање да се изнајдат решенија за спорните прашања за историјата и јазикот со Бугарија.

„Тие решенија не мора да се најдат денеска. Вчера имаа позитивен ден, ќе објават на прес-конференција за тоа до каде се работите. Ние сме меѓусебно историски поврзани како регион  и таа врска од минатото треба да нѐ направи пријатели, а не да нѐ разделува. Претстои период на објавување позитивни информации“, смета Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЈО бара притвор за Камчев

СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица…