Заев : Груевски побегна скриен во багажник

„Знаеме како Груевски избега од земјата“, тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг каде за прв пат открива детали од бегството на екс премеирот, пренесе „Дојче веле“.

Заев за ФАЦ тврди дека ја знае траекторијата на движењето на Груевски во клучните часови на бегството од земјава.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, тврди премиерот.

Додека тезата за криењето во багажникот е веќе извртена во јавноста, но не и потврдена од Обвинителството, за првпат еден носител на висока политичка функција во земјата излегува со тврдење и дека Груевски бил пречекан од унгарски дипломати уште на самата граница.

Извори од Јавното Обвинителство велат дека претпоставки има, но докази – нема.

Вечерта, кога се претпоставува дека започнало бегството, немало, односно било слабо осветлувањето на улицата каде Груевски би можел да излезе со  возилото од гаражата под неговиот дом, а такво нешто не се гледало ни на снимките од системот „Safe sity“. Исто така не бил забележан од камерите на ниту еден македонски граничен премин кон Албанија. За Обвинителството нема дилема како излегол од Албанија кон Црна Гора и понатаму до крајната дестинација – Унгарија, и во чија придружба бил. Но, се уште не е утврдено со докази како излегол од Македонија. Засега претпоставките се дека или избегал преку див премин во таканаречениот зелен појас, или на официјален граничен премин каде не бил евидентиран.

„Претпоставките се едно, доказите друго. Ние работиме врз исклучиво врз основа на докази“, децидни се од Обвинителството.

Игнорирано предупредување

Темата за тоа како избега Груевски се актуелизира секогаш кога Груевски ќе го „уловат“ камерите на унгарските новинари, како што тоа се случи неделава – по негова наводна тајна средба со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан во сопственост на двајца Кинези. Според унгарскиот портал кој ја објави снимката, станувало збор за тип на станбени објекти наменети за тајни средби, кои се користеле од државни безбедносни агенции или за спроведување на оперативни акции. Веднаш потоа Груевски беше снимен и во друштво на брод на Дунав.

целото интервју на www.dw.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави