ЗАЕВ: Јас и нашиот народ е разочаран и очекувам Мијалков да биде исправен пред пресуда и ако е осуден да лежи затвор

Пред малку Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе бара побара одговорност за исчезнувањето на Сашо Мијалков откако ќе бидат откриени детали како се случило да избега.

Немојте да очекувате од мене да правам јавна истрага. Очекувам одговорност од таму каде што затаило спроведувањето на налогот. Очекувам да се пронајде лицето и да се стави во домашен притвор, како што очекува нашиот народ.

Нема политички договор. Најавена е казна и затоа можеби го снема. Јас и нашиот народ е разочаран и очекувам да биде исправен пред пресуда и ако е осуден да лежи затвор.

Ова е презначајно народот е гневен. Очекувам брза разрешница и детали кога и каде бил кога последен пат е виден и што правело обвинителството и МВР .

Total
0
Shares
Поврзани објави