Заев: Левица е фејк, тие не се иднината на оваа земја

Премиерот Зоран Заев вели дека политичката партија е голем фејк во општеството. Според него, тие се претставувале како левичари, но всушност се радикални десничари.

-Тие не се иднината на оваа земја, рече Заев во интервју за „Фокус“.

Вели, лесно е да се собираат националистички и популистички поени, но она што е јуначко е да се решаваат проблемите и да се создаваат решенија.

-Тие често зборуваат невистини и ги охрабруваат младите, но не само што ќе биде поразително за тие млади, туку ќе им ја скрши душата, вели Заев.

Во однос на локалните избори премиерот рече дека очекува недвосмислена победа која ќе зависи од коалицискиот настап и избор на личностите кои ќе бидат кандидирани.

сителтв.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави