Заев: Менувањето на имињата на училиштата во Чаир е законски

После вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата е спротивно од Законот, денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.

„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.

После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот.“, напиша Заев.

Новите имиња на училиштата во Чаир од „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ се сменети со имињата „Исмаили Ќемали Беј Влора“ и “Имер Елези”. Едниот е познат албански дипломат , а вториот борец на УЧК во регионот Матејче.

Total
0
Shares
Поврзани објави