Заев најави можност за воведување карантин од 17 или 18 часот

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека се размсилува на воведување на нова форма на карантин или други рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во интервјуто за ТВ21 Заев обелодени дека дневно се прават анализите и со претпазливи чекори ќе се носат следните мерки.

„Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21:00 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17:00 или од 18:00 ќе има подобри резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките“, рече Заев.

Тој смета дека јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за справување со КОВИД-19.

„Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручни кадри за справување со оваа ситуација, истакна премиерот Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави