Заев не ја дава Регулаторната комисија за енергетика

Мандатарот за состав на нова влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е против разрешување на Регулаторната комисија за енергетика, што е едно од барањата на граѓаните кои протестираат против одлуката за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто.

„Јас ги видов сите аргументи и образложенија на Регулаторната комисија и мислам дека македонскиот парламент не треба да посегнува по никакви одлуки за нивно разрешување“, изјави денес Заев одговарајќи на новинарско прашање во Клубот на пратеници по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која беше постигнат договор за парламентарно мнозинство за формирање влада.

Заев вели дека е отворен за дебата, но тоа не значи дека да се премолчат аргументите.

„Зголемена е цената на струјата за 7,4 проценти врз основа на барањата на ЕСМ и на МЕПСО“, рече Заев додавајќи дека МЕПСО барале зголемување на трошоците за 80 отсто, а ЕСМ за 30-40 отсто, а било прифатено 12,5 односно 10,5 отсто.

Тој додаде дека ако се направи споредба, до денес имаме една од најевтините цени на електричната енергија во регионот.

„Ако направите споредба на цената на струјата со просечните плати во државата, исто така ќе видите дека во споредба со сите други земји ние сме пак на најниско ниво“, рече Заев.

Според него, пазарната цена на струјата денес е 55 евра од мегават час, кај нас е 38,4 евра. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави