Заев: Не сум оптимист дека до 22 јуни може да се реши прашањето со Бугарија

Спласнува оптимизмот кај премиерот Заев за можен договор со официјална Софија во пресрет на самитот на ЕУ наредната недела. Дали воопшто постојат шанси веројатно се ќе биде појасно по четврток, за кога премиерот планира посета на Бугарија и средби за продолжување на дијалогот..

Без да открие повеќе детали дали добил нови сигнали од бугарскиот претседател Радев на вчерашниот состанок кој го имаа во завршницата на Самитот на НАТО во Брисел, Заев вели средбата била многу важна, а се разговарало и за деталите од предлогот на португалското претседателство.

„Многу важен беше состанокот со претседателот Радев. Продолживме во детали да разговараме. Имам чувство на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија, но не е невозможно да се реши. „Причина за ова е што Бугарија има техничка Влада и технички премиер, и јас не сакам да ги дигнам очекувањата на нашите граѓани. Не е зијан ако направиме успех“,кажа Заев.

Премиерот Заев уште еднаш повтори дека за јазикот и идентотетот воопшто не се разговара со бугарските власти и со тоа ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека ги распродава македонските национални интереси. Со Бугарија се разговара за динамиката од секторската соработка, вели Заев.

„Продолжува да се работи на преговори за патната карта, атоа е железницата, патиштата, градење на компромис од двете страни околу предлогот од португалското претседателство, како и за работата на заедничата истортиска комисија“, рече премиерот Заев.

Изборите во Бугарија се закажани за 11 јули. Токму изборните подготовки беа во фокусот и на отчетот кој денеска го даваше бугарската техничка Влада. Според последните анкети таму во мртва трка се партиите на Слави Трифонов и Герб на Бојко Борисов.

Total
0
Shares
Поврзани објави