Заев: Ние сме фаворити

Прекрасна, силна енергија вечерва на трибината #НајдобротоЗаНашатаОпштина во Скопје.

Заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата програмска и кадровска понуда за локаните избори, за да продолжи развојот на Скопје, да продолжи напредокот на останатите општини.

Покажавме во овие четири години дека за #СДСМ зборот важи и тоа граѓаните го препознаваат.

Затоа ја имаме нивната доверба, затоа сме фаворити на претстојните избори.

Без разлика кој ќе биде кандидатот или кандидатката за градоначалничката функција во која било општина, јас, Зоран Заев, ние СДСМ, ве гледаме во очи и ви даваме збор дека мерките и програмите ќе бидат реализирани.

Total
0
Shares
Поврзани објави