Заев очекува напролет да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце

Премиерот Зоран Заев најави дека градежните работи за автопатот од Скопје до косовската граница ќе почнат во првото тромесечје од 2021, а изградбата ќе заврши за 2,5 години.

По средбата денеска со косовскиот премиер Авдула Хоти, Заев рече дека автопатот е важно стратешко прашање, кој ќе овозможи од Скопје до Приштина да се стигне за 45 минути.

„За првата делница од околу 2 километри е завршен тендерот, победи ‘Гранит’. Втората делница е на завршување на експропријационите односи каде треба да го решиме поранешниот полигон со Генералштабот кој стои на таа делница. Во моментот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин како да влезат внатре покриени преку ИПА-компонентата“, изјави Заев.

Тој рече дека многу време било изгибено на ескпропријација на земјиштето, а автопатот ќе се финансира со помош на Европската банка за обнова и развој.

Освен автопатот Скопје-Приштина, Заев со косовскиот премиер реазговарал и за поврзување со автопат на Тетово и Призрен.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави