Заев потврди: Од утре полициски час од 22 до 5 часот

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција потврди дека Владата веќе донела одлука за полициски час.

Тој ќе почнува од утре од 22 часот до 5 часот наутро. Ќе трае помалку од две недели, односно до 22 март.

Покрај тоа, донесена e и одлука за задолжителен карантин на сите што доаѓаат од земјите во Африка. 14 дена домашен карантин за наши граѓани, додека за странци што доаѓаат од африканските земји ќе се обезбеди објект за државен карантин.

Полициски час во земјава поради епидемијата со ковид-19 беше воведен минатата година. Тогаш првпат во историјата на нашата земја беше воведен полициски час на целата територија. Ланската одлуката ја донесе техничката влада, која беше составена за да ги спроведе парламентарните избори. Полицискиот час беше воведен по нецел месец од првиот регистриран случај на 26 февруари 2020 година, односно на 22 март лани и траеше од 21 часот до 6 часот.

Понатаму, периодот кога важеше полицискиот час се зголемуваше, и еден период почнуваше и во 16 часот попладне, а завршуваше во 5 часот наутро. Седевме во карантин и по цели викенди, а најдолгиот беше за Велигден – почна во 16 часот на 17 април (петок) и траеше до 5 часот на 21 април (вторник).

Извор: 360stepeni.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски нема корона

Почитувани пријатели,и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе…