Заев сака да ја „откачи“ ДУИ?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изгледа е решен да ја прати ДУИ во опозиција. Заев во интервју за хрватски неделник „Национал“ вели дека тој е подготвен да направи коалиција со партии што се европски ориентирани.

„Структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт, не може да бидат дел од идната владејачка коалиција водена од СДСМ бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални“,вели Заев.

Тој нема дилема дека СДСМ како победник од овие избори ќе ја фомрира новата влада.

„ВМРО-ДПМНЕ е поразена партија која демонстрира политики кои се спротивни од севкупниот демократски амбиент и од демократскиот правец кон кој неповратно се движи државата. ВМРО-ДПМНЕ водеше исклучиво нечиста, црна, негативна кампања базирана на лаги, на конструкции, сеење страв меѓу народот и на теми на кои неколку пати беа поразени во минатото“, тврди Заев.

Ваквиот тврд став на Заев кон ДУИ придонесува Али Ахмети да ја омекне реториката околу идејата за албански пример. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за Телма вели дека премиерското столче го бараат само во првите месеци од владата додека не се смират страстите.

„Ние мислиме дека една неутрална фигура, една апартиска фигура, особено на почетокот, додека не спласнат страстите кои се подигнаа во текот на кампањата, може да биде одличен мост кој ќе создаде една целина“, смета Османи.

Според него, премиерското столче им следува затоа што имаат добар кандидат, бројките се нивна страна, а имало симболика за запознување преговори со ЕУ.

„Ова е понуда за уривање на етноцентризмот, бидејќи досега да се биде Албанец беше критериум за исклучување за 12 позиции во државата, детектирани во 2009 година, од претседател до гувернер“, тврди тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави