Заев верува дека сме блиску до договор со Бугарија

Премиерот Зоран Заев вели дека неговата влада прави се што е неопходно за да се постигне решение за отворените прашања со Бугарија затоа што источниот сосоед е голем пријател.

„Ние не сме  многу далеку од договорот ние само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирано иднината пред нас“, вели Заев.

Тој очекува средба со бугарски колега Борис на вториот Совет на министри на ЕУ, кој треба да се одржи во декември.

Според него, времето кое дотогаш останува,  ќе биде извонредна можност, која треба паметно  да ја искористат и двете страни.

Заев е оптимист дека работите стојат добро, пред се поради тоа што Бугарија го признава македонскиот јазик и идентитет и дека не станува збор за никакви отстапки.

„Не зборуваме за отстапки, се зборува за решенија.  На двете страни постојат начини како тоа да се реши. Потенцираме дека драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност  а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија“, истакна Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави